Слоган тука
ЛОКАЦИЈА
РЕЗЕРВАЦИИ
ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА НАШИОТ САЈТ
Конгресниот центар во Охрид, сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, е објект од Б-категорија, лоциран на мошне атрактивна локација на крајбрежјето на Охридското Езеро, во близина на населбата Лагадин. Неодамна реновираниот објект во кој е сместен Конгресниот центар располага со капацитети за работа и престој на своите корисници, пред сè, на факултетите и институтите - членки на Универзитетот. Тој останува отворен и за потребите и на други заинтересирани сродни институции, владини и невладини организации и други институции од земјата и странство. Конгресниот центар располага со прекрасен парк со површина од 30.000 м2, сопствен паркинг-простор и сопствена плажа како и сета потребна инфраструктура која покрај успешната работа едновремено овозможува комфор, релаксација и одмор.
©2008 Конгресен центар Охрид